Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ – Скопје ги датира своите почетоци уште во далечната 1953 година. Во текот на нејзиното долго постоење Универзитетот значително придонесе во обуката и преквалификацијата на разни професии и занимања на стотици раѓани од Скопје и Републиката. Со организирање на разни курсеви за странски јазици за деца, младинци и возрасни, РУ „Кочо Рацин“ е институција, која што оди во чекор со новите интереси и потреби на граѓаните, како и на македонскиот пазар за работна сила.

Универзитетот делува како институција за доживотно образование и културен развој на вработените луѓе и граѓаните – особено на возрасните и младите луѓе. Предмет на активностите на универзитетот се состои во широк дијапазон на образование на возрасните, комплексно и постојано стручно социо-политичко и економско, културно-естетско образование, со посебен акцент на обука на вработените луѓе, возрасните и младите, а се со цел за успешно изведување на нивните функции во своите работни организации, општествените установи и приватниот сектор

На полето на стручното образование, Универзитетот организира подготовка од областа на машинската, електро – техничката струка, медицината и други занимања и професии.

На полето на компјутерското образование Универзитетот одржува курсеви за компјутерски оператори и курсеви за сите други компјутерски јазични програми. Програмите се составени од страна на компетентни експерти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, и нив ги изведуваат значајни тимови на професори во нашата секојдневна едукативна пракса. По завршувањето на овие едукативни форми учесниците се стручно оспособени за изведување приватен бизнис како и за отпочнување свој сопствен бизнис или наоѓање вработување во адекватни фирми и компаниии во земјата и надвор од неа.

Со цел да го следи и употреби современото искуство за образование на возрасните од земјите на западна Европа Работничкиот универзитет има соработувано со:

  • Црвениот крст на Македонија за преквалификација на избеглиците од Босна 1995/1996
  • Со Институтот за меѓународна соработка, заедно со Германскиот Народен Универзитет од 1997 год. кога Бирото на Германскиот Институт беше отворен во Скопје, за разни семинари кои се однесуваа на образование на возрасните
  • Со Светската банка и Агенцијата за приватизација на Република Македонија во 1997/1998 год., за преквалификација на околу 700 отпуштени работници од пропаднати македонски фирми
  • Со Германскта Невладина Организација за преквалификација на Ромите, повратници од Германија 1998 год.
  • Со Европската фондација за обука - ФОРМАПЕР, Италија - Пилот проект на претприемништво и развој на мал бизнис во Република Македонија 1998/1999
  • Со Министерството за образование за Проектот за Модернизација на Образованието во основните и средните училишта во кој учествуваа професори кои ги обучуваа наставниците како да го користат компјутерскиот англиски јазик во нивната секојдневна пракса 2007/2008 год.

Организирајќи симпозиуми, конференции и дебатни округли маси за важни теми поврзани со образованието, Универзитетот значително допринесе во развојот на образованието на возрасните во Република Македонија. Во таа насока Универзитетот постигна огромни резултати во својата соработка со Педагошкиот факултет во Скопје, со Работничките универзитети во другите градови во Македонија, со Народните универзитети и другите Универзитети од земјите на поранешна Југославија.

РУ „Кочо Рацин“ – Скопје е ориентиран кон модерните и голбални промени што се случуваат од неодамна, ги следи технолошките достигнувања на денешните настани и потреби, и со успех ги инволвира своите учесниците во култивирање на социјалните врски и групите од интерес за одредени полиња. Токму затоа ние постојано користиме:

  • Методи на работа: Основи за интерактивно образование и практична подготовка / настава. Сите активности во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ – Скопје се одвиваат во совремно опремени кабинети и училници.
  • Образовните програми и проекти се концентрирани во три насоки:
  1. Стручна обука: Преквалификација, подготовка и вонредно средно образование. Целна група: млади луѓе и возрасни кои ги испуштиле можностите за редовно образование и не успеале да го завршат нивното редовно образование
  2. Учење странски јазици – денеска во Универзитетот се организираат курсеи за речиси сите странски јазици. Целна група: деца од предучилишна возрас, тинејџери и возрасни


Целта на РУ „Кочо Рацин“ се состои во поддршка на професионалниот статус на наставниците и восок квалитет во наставата. Наше мото е: ОДЛИЧЕН ПРОФЕСОР – ОДЛИЧЕН УЧЕНИК
 
Вкупен број на вработени наставници со полно работно време: 21
Се изучуваат: англиски, германски, француски, италијански, грчки, шпански, албански и македонски јазик за странци.

Степени: основни, средни, високи и напредни

Подготовка за меѓународни испити: PET – FCE – CAE – CPE – IELTS – TOEFL, YLE

Локација: Наставата се одвива во Основните училишта, во просториите на Работничкиот универзитет, како и во специјално опремени пунктови низ градот

Работно време: секој работен ден од 07:30 до 22:00 часот
Испитните сесии на вонредните средни училишта се спроведуваат во сабота од 8:30 часот до 14:00 часот